Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо е транспортиран во болница за дополнителни истражувања по тешкиот инцидент за време на втората тренинг сесија пред ГП на Тајланд во МотоГП. Лоренцо доби повреда на трката од претходниот круг на шампионатот, но сепак одлучи да даде сè од себе и да настапи оваа недела.
На остриот трет свиок од патеката „Чанг“ моторот на Лоренцо направи чуден звук, пилотот изгуби контрола и падна од мотоциклот. Шпанецот беше свесен по инцидентот, но му беше потребна носилка, за да ја напушти трасата.
Неговиот мотор се подели на два дела по лизгањето на асфалтот.
Како резултат на несреќата, левиот зглоб на Хорхе и десниот глужд имаат голем оток, но нема фрактури. Од медицинскиот центар на тајландската патека изјавија дека може да го заврши остатокот од кругот, но Лоренцо посакал натамошни анализи в болница.
Во првиот тренинг Лоренцо го освои 17 место.
ФОТО: EPA-EFE/PASQUALE BOVE