Повеќе од еден тон нафта украдени од товарни возила во Кавадарци и Росоман

190
Повеќе од еден тон нафта се украдени од товарни возила и градежни машини во Кавадарци и Росоман, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во Полициската станица во Кавадарци се пријавени кражби на гориво  од седум товарни моторни возила и неколку градежни машини паркирани на улиците „Северен булевар“, „Западен булевар“ и „Видое  Смилевски – Бато“ во Кавадарци и во Росоман- појасни Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...