Ако најдеме еден член или вработен што нема дадено список во понеделник лета од работа. Кажи ѐ го тоа од мене, вели екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во бомбите за предметот „Титаник“.
Заканите за летање од работа се однесуваат на партиски активист, координаторка во еден од месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, од која се бара да достави список на гласачи кои ги дале другите членови на партијата и партиски вработените.
На денешното рочиште се слушнаа околу 70 бомби, по што судот даде пауза.
Судењето ќе продолжи во 14 часот со слушање на други разговори.