Од 30.000 до 40.000 граѓани се избришани од Избирачки список поради разни причини, соопшти Зоран Билбиловски, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител на денешниот брифинг.
– Не е мала бројка. Апелираме доколку има сега избори ДИК соодветно да ги информира и да им каже на граѓаните кои се избришани од список. Да ги извести и да им кажат доколку сакаат да гласаат што треба да сторат – вели Билбиловски.
Бришењето на овие лица се случило поради вадење нови лични карти или истечени лични карти.
30 до 50 отсто од лицата кои се во затвор или во притвор не можеле да гласаат поради тоа што ги немало на Избирачкиот список.