Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски е во самица во Идризово

467

Осудениот специјалец од МВР Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“. Не се знае до кога ќе ја издржува оваа казнена мерка, јави порталот Сакам да кажам.

Спасов, пишува порталот, ноќеска направил инцидент. Најверојатно побегнал од затворот, па се вратил самиот, но за официјална информација што точно се случило и зошто Спасов е изолиран од останатите затвореници, Управата чека извештај од затворот.

Спасов го претепа младиот Нешкоски до смрт на победничката прослава на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година на плоштад „Македонија“, во центарот на Скопје. Осуден е на 14 години затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...