Апелациониот суд Скопје ја потврди казната од две година за Никола Груевски, а за Ѓоко Поповски ја намали од од 6,5 на 4, 5 години. Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.
Жалбите на обвинетиот Никола Груевски од Скопје изјавени лично и преку неговите бранители Апелација ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.
После ова, Груевски треба да добие упатен акт од судија за извршување санкции за тоа кога да се јави во затвор на отслужување на казната.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI