Во септември приведени 120 дилери на дрога

68

Вкупно 120 лица на поширокото полошко подрачје се лишени од слобода за производство и дилање дрога во текот на минатиот месец, поточно од 6-ти до 28-ми септември. Најголемиот број од приведените (92) се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје. Станува збор за претежно машки лица на возраст од 15 до 45 години, не само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села, кај кои e пронајдена, фотодокументирана и одземена марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази.

Оваа акција, како што се наведува во денешниот Билтен од МВР, е во рамките на планираните активности на Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање и  санкционирање на лица кои се инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

По целосно документирање на случаите, против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...