Патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(36) од Скопје, изгубило контрола и се превртело вчера во 11,05 часот на улицата „Борис Трајковски“. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Л.С., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.