ДУИ во Мала Речица гради постреферендумски позиции

442

Централното претседателство на ДУИ одржува седница во партиското седиште во Мала Речица за состојбите по референдумот.

Пред почетокот на состанокот, вицепремиерот за европски прашања и портпарол на ДУИ, Бујар Османи соопшти дека нема потреба од предверемени избори, но ставот за ова прашање ќе биде донесен по вечершаната партиска дебата.

Во врска со најавите за предвремени парламентарни избори, нагласи дека засега ДУИ не алудира на никакви натамошни опции, туку само смета дека е време за спроведување на меѓународните обврски согласно меѓународниот договор (со Грција) и референдумското изјаснување на граѓаните.

На новинарско прашање дали ќе се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за Договорот со Грција, рече дека дебатата во партијата штотуку почнала и дека во ДУИ без предрасуди ќе се разгледаат сите опции и можности со сите последици од една или друга варијанта во, како што посочи Османи, сегашната комплексна и сериозна состојба.

– Инцијалната порака од ДУИ до сите политички партии и сите граѓани во Македонија е дека се наоѓаме во историски момент кога е потребно единство и меѓуетничко, но и уште поважно и внатре етничко, како и интраетничко кај заедниците, за да може да се соочиме и успешно да го пребродиме еден од најголемите предизвици со кои се соочува државата зашто во моментов ја создаваме новата историја, новото поглавје за државата во кое ќе се гарантираат мирот, стабилноста и економската благостостојба не само кај нас, туку и во регионот – изјави Османи.

За заклучоците од состанокот, Османи најави дека ќе испратат соопштение до медиумите и јавноста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...