Непознат сторител извршил разбојништво во аптека на улицата „Лука Геров” во Скопје, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот бил пријавен синоќа околу 20.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.
– Сторителот со закана со нож од вработената одзел околу 35.000 денари, а потоа побегнал-велат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.