Обвинителството е во комуникација со надлежните органи кои го испитуваат случајот со девојчето фрлено низ прозорец и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на сторено кривично дело. Ова го одговорија од Службата за односи со јавноста при Јавно обвинителство на Република Македонија за Плусинфо, на нашето прашање во врска со случајот кој ја вознемири јавноста, кога четири основци фрлија соученичка низ прозорец.
До овој момент, до Јавното обвинителство не биле поднесени пријава или известување од која било институција во врска со настанот.