Во Охрид после 20 години се одржува научна конференција на тема „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“.
Науката зборува неразбирливо, а реалниот сектор едноставно – како да се стигне до извозна диверзификација и модерна реиндустријализација за земјата конечно да остварува повисок степен на економски раст. Владата треба да се одлучи кого ќе слуша.
На фотографијата се проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија.