Угостителските објекти кои сакаат да вршат дејност надвор од деловниот простор или да постават урбана опрема, барањето треба да го достават до крајот на месецов во Град Скопје. Оние корисници на јавни површини кои имаат одобрение од зимската сезона 2017-2018 година, треба да го достават стариот елаборат (оригинал), плус и нови документи. Одобрението ќе го добијат за пет дена, ветуваат од Град Скопје.
– Се известуваат сите корисници на јавни површини за вршење дејност надвор од
деловен простор дека зимската сезона за вршење дејност надвор од деловен
простор и поставување урбана опрема почнува од 01.11.2018 година до
30.03.2019 година. Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, за зимската сезона 2018 – 2019 своите барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје, најдоцна до 31.10.2018 година – информираа од Град Скопје.
Барањето за издавање Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен
простор и Одобрение за поставување на урбана опрема може да го најдете на веб
порталот на Град Скопје www.skopje.gov.mk или во архивата на Град Скопје –
барака 16.