Кацарска ги предупреди обвинетите за 27. април да не ги малтретираат сведоците

986

Судијката Добрила Кацарска, која е претседателка на судечкиот совет кој го води предметот за насилствата на 27 април во Собранието, ги предупреди обвинетите да не ги малтретираат сведоците зашто тоа ќе подлежи на санкции согласно законите.

– Никој од вас не смее да им се јавува на сведоците да бара да се види со нив, да им кажува што да кажат на рочиштата – им порача судијката.

Таа не кажа дали и кој од обвинетите досега малтретирал некој од сведоците.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници и граѓани. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...