Иванови во официјална посета на Чешка

316

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов престојува во дводневна официјална посета на Чешката Република.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, денеска во Прага со највисоки државни и воени почести ќе биде примен од претседателот на Чешката Република, Милош Земан. Предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка средба, по што двете официјални делегации ќе одржат пленарен состанок.

Во рамки на дводневната официјална посета на Чешката Република, претседателот Иванов ќе оствари средби со претседателот на Владата на Чешката Република, Андреј Бабиш, со претседателот на сенатот, Милан Штех и со претседателот на Пратеничкиот Дом, Радек Вондрачек.

Македонскиот претседател е придружуван од неговата сопруга, Маја Иванова, која во рамки на дамската програма, ќе го посети Националниот институт за аутизам – НАУТИС во Прага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...