Заменик-генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески синоќа бил разрешен од партиската функција заменик генерален секретар.
Богојески останува член на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е дел од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
Тој отворено беше против бојкот на референдумот.
-Бојкотот не е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија, туку на луѓе кои сакаат вината за пролонгирање на евроатлантската иднина да падне на грбот на нашата партија- изјавуваше Богојески.