Тепачака меѓу навивачите на ПСЖ и на Ѕвезда по натпреварот (ВИДЕО)

Според неофицијални процени, повеќе од 350 навивачи беа вклучени во масовната тепачка.

339

Навивачи на Пари Сен Жермен и на Црвена ѕвезда жестоко се судрија пред стадионот „Pаркот на принцовите“ веднаш по завршувањето на натпреварот од вториот круг во Лигата на шампионите, што парижаните го добија убедливо со 6:1.

Според неофицијални процени, повеќе од 350 навивачи беа вклучени во масовната тепачка. Полицијата реагираше и употреби палки да ја смири ситуацијата.

Во еден момент се слушнала и експлозија од топовски удар.

Според првичните информации, нема извештаи за повредени лица.

ФОТО: Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...