Кичево денеска ќе остане без вода за пиење

71

Градското подрачје на Кичево и селата Осој, Мамудовци и Трапчин Дол денеска ќе имат прекин во водоснабдувањето, почнуваќи од 8 часот се до 18 часот.

Како што информира Јавното претпријатие „Комуналец“, прекинот е поради работа на стручните служби за отстранување на дефектот на главната водоводна цевка на магистралниот пат Скопје-Охрид. Апелираат граѓаните да имаат разбирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...