Петнаесет сообраќајки, 82 возачи возеле побрзо од дозволеното во Скопје

Изминатото деноноќие се случиле и 15 сообраќајни незгоди од кои во осум полeсно се повредени 11 лица, а во седум е причинета материјална штета.  

55

Осумдесет и двајца возачи во Скопје возеле побрзо од дозволеното во изминатите 24 часа, покажуваат податоците од полицискиот билтен на СВР Скопје.

Изминатото деноноќие се случиле и 15 сообраќајни незгоди од кои во осум полeсно се повредени 11 лица, а во седум е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај пет возачи кои возеле под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото за управуавње со моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и 15 нерегистрирани возила и едно возило кое било претоварено.

Издадени се 102 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

Според полицискиот билтен, шест возачи на подрачјето на Скопје поминале на крстосница на црвено светло, а неправилно престигнување е забележано кај три возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...