ВМРО-ДПМНЕ формира Републички изборен штаб, за нив Договорот е мртов ВИДЕО

1402

Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преспа е политички мртов, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Тој рече дека ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донел три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира. ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опозицијата.

– Доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Бараме да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб  и градски изборен штаб со претседател Игор Јанушев и Владо Мисајловски – изјави Николовски.

На новинарско прашање дали е поделена партијата, Николовски рече дека пратеничката група е единствена. За изборите рече дека целата битка ја воделе за зачувување на уставното име на државата и дека подоцна или порано Заев ќе си одел од власта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...