Шекеринска: Опциите за Договорот се две, не сакаме да ни ја враќаат амнестијата на маса

2364

СДСМ сака процедурата за уставните измени поврзани со Договорот од Преспа да влезе во Парламентот каде што ѝ е местото, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска и додава дека мора да бидат застапени 600.000 гласови кои застанаа зад референдумот. Ова Шекеринска го изјави за 1тв.

Како што вели, тајното гласање што го промовираше вчера вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи може да доведе само до оддолжување. Според неа, ДУИ се надева дека нема да има избори во моментов, но се свесни дека нема бесконечен број на опции.

Постојат две опции, вели Шекеринска, од кои едната е да се убедат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка за Договорот, а другата се предвремени избори.

Таа објаснува дека разговори со ВМРО-ДПМНЕ од типот на лидерски средби би бил губење на време, коешто Македонија не може да си го дозволи со оглед на роковите.

Во врска со евентуалните предвремени избори, Шекеринска вели дека СДСМ не би навлегувале во преговори со ВМРО-ДПМНЕ околу условите, затоа што постојано на маса им се враќаат нелогични барања и амнестијата, иако од редовите на опозициската партија доаѓаат претседателот на ДИК и членовите на Управниот суд кој е надлежен за спроведување на изборите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...