Филипче: Заедница без насилство е голем јавно-здравствен предизвик

153

Заедница без насилство е голем јавно-здравствен предизвик, рече министерот за здравство Венко Филопче на отворањето на тридневната регионална европска конференција за безбедни заедници „Остварување на целите на одржлив развој–кон заедница без насилство“.

– Сведоци сме на различен тип насилство како семејно насилство, врз децата, меѓу младината, родово базирано и на работното место. Токму оваа конференција ги обединува експертите од целиот регион и Европа и очекувам во овие три дена да слушнеме искуства, но и да произлезат заклучоци – рече Филипче.

Македонија е обврзана да работи во насока на целите на одржлив развој и промовира безбедни заедници, и до 2030 година треба да се елиминира секоја форма на насилство.

Македонија прави чекори во борбата против насилството, но, истакна министерката Царовска, треба да направиме уште многу за да кажеме дека ние сме безбедни заедници и да имаме системи за превенција и заштита од насилство. Одржлив развој, додаде таа, е невозможен доколку не инвестираме во секој поединец.

– Во Македонија знаеме дека на поголем удар се жените и девојките од сите останати, рече таа потенцирајќи на ратификацијата на Истанбулската конвенција. Царовска рече дека секој оној кој што молчи пред насилството во суштина и го поддржува, посочувајќи дека сите ние сме одговорни да создадеме безбедни заедници.

Претставничката на Светската здравствена организација во Македонија д-р Џихане Тавила истакна дека насилството е пошироко распространето отколку што мислиме, во различни форми и кај најранливите категории на население: жени, деца, постари лица и кај сите возрасти, не само во подраќја на вооружен конфликт туку во нашите заедници, домови, работни места, училишта…

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...