СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ приоритет е амнестијата за Груевски наместо иднината на граѓаните

704

За раководството на ВМРО-ДПМНЕ приоритет е амнестијата за Груевски наместо иднината на граѓаните, амнестија нема да има, соопшти СДСМ.

– Нелогичните барања за избор на јавен обвинител по предлог на опозицијата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште еден јалов обид да се издејствува амнестија за Никола Груевски. Граѓаните и институциите спроведоа мирен, демократски референдумски ден на којшто граѓаните одлучуваа слободно, без притисоци и по сопствено убедување – велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кадешто денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирна кампања и постапки што се воделе непристрасно.

– Во клучен период за иднината, раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за интересите на државата и нејзините граѓани, туку останува заробена во деструктивната матрица, целосно посветена на одбрана на криминалот. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважна им е иднината на Груевски, отколку иднината на граѓаните кои се за иднина во ЕУ и НАТО. Амнестија нема да има. Наместо да биде фокусирана амнестија, раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитува јасно изразената волја на граѓаните на референдум и да ги повика пратениците да се вкчучат во процесите што обезбедуваат целосна интеграција во ЕУ и НАТО – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...