Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ако излезеа на референдум и гласаа „против“ ќе имаше цензус. Знаејќи дека повеќе гласови ќе имаше „за“ не излегоа и тој и членовите на партијата бидејќи поразот ќе беше 10:0, му порача пратеникот Самка Ибраимоски и неговата Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).
– Тие се одлучија да не излезат на натпревар, а во спортот кога една од екипите нема да излезе службено го губи натпреварот со 3:0. Сепак, овој референдум е успешен затоа што мнозинстото гласачи гласаа „за“ ЕУ и НАТО и договорот со Грција – вели Ибраимоски додавајќи ека се горди што Ромите гласале во голема бројка.
– Иако сме најзагрозени и невработени, кога се работи за важна одлука за Македонија, ние секогаш сме тука – потенцира пратеникот.