Тинејџер силувал 16-годишна девојка во Виница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Настанот се случил на 22 август околу 22.00 часот во домот на улица „Братство Единство”.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе посебен извештај против 17-годишник од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Пријавениот извршил обљуба над малолетничка од Штип- велат од МВР.