Американците го сакаат Мурињо за селектор

110

За Жозе Мурињо, кој во моментов поминува низ тежок период на тренерското место во Манчестер Јунајтед, интерес пројави Фудбалската федерација на САД која сака да го ангажира Португалецот за селектор, објави „Спорт Илустрејд“.

Според изворот, Американците кои цела година се без селектор по отпуштањето на Брус Арена, сакаат големо име на селекторската функција.

Мурињо еднаш изјави дека планира да ја предводи Португалија пред крајот на кариерата, но интересно е да се види како ќе реагира ако пристигне понудата на Американците, особено ако во меѓувреме го напушти Олд Трафорд.

Португалскиот тренер е во незавидна ситуација во Манчестер, поради слабите резултати и нарушениот однос со дел од играчите.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...