Мицкоски и Иванов најголеми штетници на Македонија

3101

Според конечните резултати од референдумот на гласање излегле вкупно 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупно запишаните 1.806.336 гласачи во Избирачкиот список, на референдумското прашање со „ЗА гласале 609.913 или 91,46 проценти, а „ПРОТИВ“ се изјасниле 37.700 граѓани или 5,65 проценти и неважечки се 19.221 ливчиња (2,89 проценти). Тоа се официјалните резултати објавени од ДИК.

Мицкоски, не губеше ни минута, вечерта на 30 септември прв се јави од штабот на партијата и изјави дека граѓаните не дадоа поддршка на овој срамен договор, односно бројот на граѓаните кои апстинираа (синоним на Мицкоски за бојкот) од гласање (околу 400 до 450 илјади) или пак гласаа против договорот (37.700 или 5,6% е драстично поголем од оние граѓани што гласаа за договорот. Според Мицкоски, Македонија се изјаснила против договорот со Грција, но во друга прилика кажа дека денес речиси 1 милион и 200 илјади граѓани кои се јасно и недвосмислено за членство во ЕУ и НАТО кажаа дека не се за промена на името. За Мицкоски, Договорот од Преспа е мртов! Без промена на името Мицкоски Македонија ќе ја внесе во НАТО и ЕУ на куково лето!

Иванов во ист стил ќе изјави дека референдумот не успеа, 36,9 отсто излезност не е волја на народот, туку 63,1 кои не излегоа. Не заборавајте и Иванов од Америка изјави дека нема да гласа и ги повика и граѓаните на Македонија да го бојкотираат референдумот. Интересно е да се спомене дека и Мицкоски и Иванов бројот на гласачите што бојкотирале и апстинирале ги сметаат како да гласале „против“, а тој број е поголем од тие што гласале „за“ и на тој начин го прогласуваат референдумот за неуспешен.

Интересно е да се спомене дека преку 400 илјади членови на ДПМНЕ го бојкотираа референдумот на повик на лидерот на партијата Мицкоски и Ѓорге Иванов. Покрај повикот на Мицкоски за бојкот кога го соопштуваше ставот за референдумот (11 септември), ДПМНЕ организираше групи од нивни активисти кои „од куќа на куќа“ со листи на нивни членови активно агитираа да се бојкотира референдумот, а тоа го правеа и преку летото „кога го консултираа народот“. Го повикувам надлежното Обвинителство да покрене кривично гонење против Мицкоски и Иванов по член 373 од Кривичниот закон за организирање отпор и повик на бојкот за спроведување на одлука за референдумот донесена од страна на Собранието со негативни последици за неисполнет цензус на референдумот.

Мицкоски како лидер на најголема опозициска партија и Иванов како претседател на државата со повикување на бојкот за да не успее референдумот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот со Грција направија непроценлива штета на Македонија и народот, вклучувајќи ги и нивните деца. Тоа е нешто што не може да се разбере, посебно однесувањето на Мицкоски. Доколку Мицкоски беше нормален човек или човек на место, тој можеше да води негативна кампања против Договорот со Грција но со факти и аргументи, на пример дека се против промена на Уставот поради името, но не со лаги и невистини. Мицкоски постојано лажеше дека е изгубен националниот и јазичен идентитет, што не е точно; ќе сме ја изгубиле државата; дека ќе сме станале северно Македонци; ќе сме ја изгубиле историјата, културата и многу други лаги и небулози што сето тоа кај македонскиот прост и неписмен народ, посебно членството на ДПМНЕ, имаше силно влијание. Мицкоски со повикување на бојкот и лагите за штетноста на Договорот што секој ден ги повторуваше, директно предизвика огромна штета што не се исполни цензусот на референдумот поради што тој не успеа, спрема член 373 од Кривичниот закон тој треба кривично да се гони за организиран отпор со повикување на бојкот од кое имаше големи штетни последици со немање консензус поради што референдумот не успеа, за кое е предвидена казна до 5 години затвор. Претпоставувам дека Обвинителството може и/или има докази за ова (интервјуа на телевизии, изјави ви печатени медиуми и сл.).

Доколку Мицкоски беше нормален човек и доколку малку ја сакал Македонија (неговата љубов за Македонија е глума!), тој ќе се однесуваше нормално за целиот период од потпишување на Договорот со Грција па сѐ до одржување на референдумот. Тој сигурно како универзитетски професор знае што значи за Македонија да влезе во НАТО и ЕУ; понатаму тој знае дека во 2008 година и Никола Груевски и Црвенковски прифатија променето име „Република Македонија (Скопје)“ а знаеше и тоа дека и Груевски преговараше тајно за името што се виде од „бомбите“; тој добро знаеше дека без решавање на името со Грција нема влез на Македонија ниту во НАТО ниту во ЕУ; сето тоа му било познато а со невистини и безобразност лажно го напаѓаше Договорот само и само да ја задоволи својата злоба, деструктивност и омраза да ја закопа Македонија да остане во балканската кал, изолирана како шугава балканска држава. Не можам да верувам дека Мицкоски до толку да ја мрази Македонија и народот штом не дозволува да стане европска држава. Да не беше кукавица, Мицкоски требаше да го повика своето членство да гласа „ПРОТИВ“ и со тоа ќе се знаеше реално колку од народот гласал „за“ а колку „против“ и тогаш работите ќе беа јасни и ќе се знаеше волјата на народот.

Што се однесува до членството на партијата ДПМНЕ тоа е посебна прикаска. Мнозинството од членството на ДПМНЕ се прости, неписмени или полуписмени, големи инаетчии, не ги разбираат работите, но и кога ќе ги разберат од инает не ги прифаќаат, слабо се информирани, не размислуваат со своја глава, немаат критички осврт и лесно со нив се манипулира и такви му веруваат на лидерот Мицкоски и на претседателот на државата Иванов. Кога тие јавно го напаѓаат Договорот со Грција како многу штетен за националните интереси на Македонија и јавно изјавија дека нема да гласаат на референдумот, нормално е дека членството на ДПМНЕ нив ќе ги следи. Тие нема што да размислуваат, мозокот не го користат за таква намена едноставно безусловно го прифаќаат мислењето на лидерот на партијата. Еве едноставен пример, Мицкоски постојано изјавуваше дека Македонија сака да влезе во НАТО и ЕУ, но не го прифаќа Договорот со Грција, но тој не даде одговор каков е неговиот став како Македонија ќе се интегрира во Европа, на кој начин. Секој разумен човек, член на ДПМНЕ која разумно би размислувал самиот ќе се запраша – штом Мицкоски не нуди никаква опција значи дека тој лаже и е обичен манипулант! Но нашиот прост човек не размислува, не разбира, прифаќа само тоа што му го сервира ДПМНЕ на која ѝ припаѓа! Господ не му дал памет да размислува.

Поради тоа што референдумот беше консултативен, што тоа го најави Заев пред распишувањето, останува уставните промени за името да се прават во Собранието со двотретинско мнозинство. Заев најави дека ќе разговара со Мицкоски за ова прашање, но Мицкоски бара нивен јавен обвинител, анкетна комисија за референдумот, „Пржински модел“ за изборите, а ако се почека ќе следат и други уцени. Мицкоски на најбезобразен начин, со полна злоба и отров, крајно неодговорно, со патолошка омраза спрема Заев, Македонија ни малку не му е значајна и сака да ѝ наштети, тој ќе ужива во уцените за изборите со многу селски итроштини. Со Мицкоски нема да се постигне никаков договор за уставни промени во парламентот, тоа е повеќе од сигурно. Тој ако сакаше решение тоа ќе го направеше пред референдумот, а сега ќе ужива во огромната штета што ѝ ја направи на Македонија и народот! Исто како ѓаволчето, од приказните, после направените пакости на луѓето ужива во своето направено зло дело!

На Заев му останува како последна шанса веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори на кои има шанси да добие двотретинско мнозинство, водејќи сметка да се добие во време и се одржат крајот на ноември или во почетокот на декември. Друго чаре нема. А, ќе заборавев. Никола Груевски за предметот „Тенк“, за „мерцедесот“ да се затвори до крајот на овој месец, пред изборите и со тоа да се избијат адутите на овој неранимајко Мицкоски да игра уште на карта амнестија! И друго нешто, со затварањето на Груевски, Заев и СДСМ ќе добијат најмалку 20% повеќе гласови на предвремените избори!

На крајот да заклучиме. После сето она што го направи Мицкоски од потпишување на Договорот со Грција до сега и Иванов со поранешните глупости вклучувајќи го и 27 април кога спремаше државен удар, овие две личности се најголемите штетници на Македонија и народот сметано од осамостојувањето на Македонија 1991 година до сега. Груевски е екстра штетник вон конкуренција, но што се однесува до референдумот Мицкоски е поголем штетник што ги спроведуваше послушно неговите наредби отколку Груевски што ги даваше наредбите…

На крајот да коментирам за Мицкоски. Не дај боже и на најголемиот непријател не им посакувам ваква опозиција каква што е ДПМНЕ и нејзиниот лидер за кого политиката е „шпанско село“…

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...