Владата без коментар за стенограмите од лидерските средби обелоденети во „Катимерини“

123

Владата засега не дава дополнителни информации во врска со стенограмите од лидерските средби во Македонија, што вчера ги објави грчкиот весник „Катимерини“.

– И ние ги видовме објавени во медиумите и претходниот ден во дел од германските медиуми, но во моментот не би можел да ви дадам никаква дополнителна информација во врска со објавените документи, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, на редовната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

Под наслов „Доверливите стенограми од лидерите на ПЈРМ“, грчкиот весник „Катимерини“ објавува дијалози од лидерските средби во Македонија одржани на 27 јануари и на 19 мај годинава, пред потпишувањето на договорот со Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...