Во понеделник пресуда за Јанкулоска 

789

Во понеделник, на 8 октомври, во Кривичниот суд во Скопје ќе биде соопштена пресудата за екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за случајот со набавката на блиндираниот „мерцедес“.

На Јанкулоска прво ѝ се судеше заедно со поранешниот премиер Никола Груевски и екс помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, но постапката за неа се раздвои поради бременоста. По породувањето на крајот од август, продолжи судењето.
Делото кое ѝ се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања.
Таа и нејзините адвокати во завршните зборови побараа ослободителна пресуда, додека обвинителите од СЈО Фатиме Фетаи и Стевчо Донев побараа осудителна.

За Груевски и Поповски Кривичниот суд веќе донесе пресуда со која Груевски доби две, а Поповски шест години и шест месеци затвор. Тие се жалеа до Апелацискиот суд Скопје кој одржа јавна седница по жалбите за првостепената пресуда, но одлука од второстепениот суд и по подолго од еден месец сѐ уште нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...