Дескоска: Сѐ уште нема предлог за уставните измени

Кога ќе се согледаат натамошните чекори ќе се постигне договор во рамки на Владата околу тоа која институција ќе ја преземе обврска за изработка на измените.

241

Во Министерството за правда засега нема предлог околу уставните измени, кои треба да произлезат од имплементацијата на Договорот од Преспа, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Таа најави дека претстојните денови треба да се донесат одлуки за натамошниот тек на настаните.

– Треба да се донесат одлуките дали ќе се оди на предвремени избори или на уставни измени ако се обезбеди мнозинството-  рече Дескоска.

Појасни дека почетната процедура во подготовка за измена на Уставот не подразира веднаш да се почне со уставни амандмани, коишто се технички драфтирани, туку со предлог за измена на Уставот, којшто е во описен текст.

– Така што доколку постои мнозинство Владата ќе почне со таа постапка- рече Декоска.

Додаде дека кога ќе се согледаат натамошните чекори ќе се постигне договор во рамки на Владата околу тоа која институција ќе ја преземе обврска за изработка на измените.

– Веројатно најупатени се преговарачите, коишто ги знаат деталите од преговорите, но во секој случај ќе има договор во Владата која институција ќе ја даде формата на тие измени – додаде министерката за правда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...