Демократски сојуз: Влез во НАТО, па избори

240
Пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и за пошироките граѓански интереси, смета Демократскиот сојуз.
– Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција, се со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата. Огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да не извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме. Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за Уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање на заеднички чекори за иднината на земјата – соопштија денеска  од Демократскиот сојуз.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...