Паркот пред Градежен и Архитектонски факултет наскоро ќе биде отворен за сите граѓани.
Градот Скопје овој проект ќе го реализира заедно со Архитектонски факултет и со Градежен факултет.
Цел на проектот е унапредување и заштита на животната средина и разубавување на урбаниот лик на Скопје, што ќе овозможи, развивање на општествената свест за значењето на животната средина и зачувување на природата.
За таа цел Градот Скопје денеска потпиша меморандум за соработка со Архитектонски факултет и со Градежен факултет во кој Градот се обврзува целосно да го оплемени просторот, односно да го уреди паркот, а факултетите да го одржуваат.