Европските лидери се пред голем предизвик поради јакнењето на влијанието на популистите и крајната десница во Германија и во ЕУ. Тоа особено се однесува за германската канцеларка Ангела Меркел и медиумите прашуваат како на напорите за зачувување и јакнење на европските проекти може да влијае слабеењето на нејзиниот авторитет по 13 години владеење, пишува РСЕ.
Мајкл Котакис од лондонската Школа за економија во текст во Вашингтон пост наведува дека еден од клучните аргументи на популистите кои продолжија со напади врз легитимитетот на ЕУ е тоа што тие ја претставуваат волјата на народот како и слободата и демократијата во долгата битка со бескрајните корпоративистички бриселски бирократи.
– Иако тоа е неискрено содржи малку вистина. Сепак ЕУ не е демократски систем. И додека некое време се обидува да се рекламира тие напори често недостасуваа – вели Котакис.
Тој смета дека експертиментот на ЕУ со демократска управа бил ефективен, а Унијата прво мора да изгради демократски систем што би ја институционализирал улогата на граѓаните во процесот на донесување одлука.
– Во таков систем треба да се формира „Европско собрание на граѓани’“ како втор дом на Европскиот парламент. Тоа тело би се состоело од граѓани кои би се избирале годишно и би биле задолжени за проверка и испитување на законодавните предлози и одлуки на Парламентот. Собранието на граѓани треба да има овластување да применува измени и дополнувања на закони по принципот на работата на Домот на лордови во Парламентот на Велика Британија.
Котакис додава дека и начинот на кој граѓаните гласаа на европските избори мора да се провери за да се поттикне поголемо учество особено меѓу помладата генерација.
– На крајот би требало да постои еден претседател на ЕУ кого директно би го избрале европските граѓани и кои би имал овластување што сега ги има претседателот на Европската комисија.
„Популисти од Европа, обединете се – во предградие на Брисел !“ – тоа е она што би требало да го оствари Движењето, прв клуб на евроскептици и популисти на чело со необичен пар од белгиски адвокат и поранешниот стратег на Доналд Трамп, Стив Бенон, објави порталот Политико.
– Ние градиме клуб во кој ќе бидат луѓе и на чии членови ќе им се помогне… како браќа по оружје вели Михаил Модрикамен во интервју во дневната соба на својот дом во резиденцијален дел на Брисел.
Политико потсетува дека адвокатот Модрикамен ја основал екстремната десничарска партија Parti Populaire во Белгија во 2009 година и го основа Движењето во 2016 година.
Бенон и Модрикамен во интервјуа нагласија дека успехот на популистичките партии во Италија и Австрија и очекуваниот голем продор на изборите за ЕП следната година ги охрабрува да го формираат клубот. Засега Движењето се финансира со пари на Бенон и европски донатори.
Двајцата рекоа дека имаат намера да формираат нова популистичка група во ЕП по изборите во мај 2019 година. Тие не заговараат напуштање на државите од ЕУ или поткопување на Европа, но додаваат дека повеќе моќ би требало да се врати од Брисел во националните претстолнини.
Уредниците на Фајненшл тајмс посебно внимание посветуваат на Германија особено на канцеларката Меркел и нагласуваат дека таа влегла во залез на владеењето по 13 години извршување на функцијата.
– Нејзиниот авторитет брзо исчезнува би било и побрзо кога би се случил крај на необичната германска владејачка коалиција и кога ЕУ би се одвикнала од неа како фиксна точка во регионот погоден од економски и политички пресврти, се наведува во текст на ФТ.
„Долгогодишното простување на Меркел е од големо значење за ЕУ која е поларизирана меѓу либералните и националистичките политички сили. Намалувањето на нејзината моќ ќе остави празнина“.
Весникот наведува и дека во оваа фаза Меркел неможе да направи многу за да го промени своето наследство.
Седум Германци кои полицијата ги опиша како припадници на „хулигани, скинхеди и неонацисти“ во источниот дел од Германија се уапсени под сомнение дека формирале екстремна десничарска терористичка организација што се вика Револуција Чемниц, објави Њујорк тајмс.
Весникот додава дека апсењата се случиле само неколку недели по насилствата во Кемниц каде десничарски екстремисти се судрија со полицијата откако Германец беше избоден во обид да инервенира во спор меѓу двајца имигранти.
Германската Влада формално води 83 луѓе како жртви на екстремнодесничарско насилство од 1990 година но истрагата на весниците Тагесшпигел и Цајт Онлајн открила дека неонацистите или други екстремисти убиле 169 луѓе.
Италијанската популистичка Влада мора да биде разумна предупредува Блумберг.
Новите популистички лидери на Италија се чини дека се држат до програмата што ги донесе на власт: во своите буџетски планови тие одредуваат курс што на крајот може да го доведа во опасност целиот европски проект наведува уредникот на Блумберг.
Сега доаѓа момент на вистината кога коалицијата го прави својот буџет за 2019 година и според Блумберг тоа не изгледа добро.
Владата има за цел дефицит од 2,4 осто БДП и иако тоа е во границите на критериумите на еврозоната од три отсто тие и понатаму кршат барања високо задолжените нации да прават максимални напори за намалување на нивното задолжување што во случајот на Италија значи дефицит помал од два отсто. Можеби е мала разлика но може да има големи последици за Европа. Јавниот долг на Италија е 130 отсто БДП и е најголем во еврозоната по Грција.
Ако инвеститорите загубат верба дека Владата може да држи работи под контрола, европските лидери може да се соочат со ужасни опции за спасување на Италија или да се овозможи заминување на третата најголема европска економија.Сите би ја загрозиле заедничката валута која е во срцето на напорите на Европа да ја задржи трајната заедница