Сите љубители на животните кои сакаат да си одберат куче за вдомување, тоа ќе може да го сторат од утре до 10 октомври на отворените денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“ во Скопје. На овој начин, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го одбележува Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 Октомври. Вратите на Стационарот во овој период ќе бидат отворени од 9 до 19 часот.
Шеесетина кучиња во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Тие се прегледани од ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Кучињата се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.
На сите заинтересирани граѓани кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.