Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за три предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тотал“, „Тортура“ и „Тарифа“.
Во предметот „Тотал“ обвинет еновинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.
Последното рочиште за овој предмет беше одложено поради настаната промена на сопственичката структура на правното лице „Медијамакс“, кое заедно со новинарот Драган Павловиќ Латас и правните лица „Тотал маркетинг“ и „Тотал медиа центар“ се теретат за затајување на данок.
Во предметот „Тортура“, пак, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петтмина припадници на единицата.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.
На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.