Италија очекува Парламентот да ги одобри уставните измени

117

Италијанското министерство за надворешни работи се огласи по референдумот во Македонија и изрази надеж дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени со Договорот од Преспа.

– На консултативен референдум, широко мнозинство на гласачи беа „За“ договорот со Грција со што ги потврдија аспирациите на граѓаните на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Италија дава целосна поддршка за евроатлантскиот пат на регионот и се надева дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени во Договорот – наведува италијанското Министерство за надворешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...