Уапсен осуденик на Табановце

230

При пасошка контрола,вчера во 21,30 часот на граничниот премин „Табановце“ било констатирано дека лицето Н.И. (47) од селото Џепчиште, тетовско, се наоѓа на листата за издржување казна затвор во траење од еден месец и 20 дена за сторено  кривично дело по член 235 став 1 од Кривичен законик  на Република Македонија.

Лицето било приведено и во  22,50 часот, со Потврда за предавање на лице, било предадено на полициски службеници од  СВР Куманово за натамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...