Јавен повик на Град Скопје за финансирање програми и проекти за млади

221

Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година. Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.

Средствата за програмите и проектите кои поддржуваат активности во различни области се доделуваат од Буџетот на Град Скопје од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од 1.000.000 денари.

Повикот е објавен денеска на линкот: www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни%20ПовициЈавен%20повик%20за%20млади%20за%202018%20година%20МКД.pdf и ќе трае до 16 октомври 2018.

Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува комисија. Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е. целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15 декември годинава.

Потребните податоци, како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака број 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...