Кошаркарот на ФМП Драган Апиќ е прогласен за најдобар играч во првото коло од регионалната АБА лига.
Центарот на ФМП во триумфот на неговиот тим над Задар учествуваше со 29 поени, пет скока и по две асистенции и украдени топки, доволно за индекс на корисност 40.
Апиќ се најде на делба на првата позиција и на листата најдобри стрелци заедно со Томислав Зупчиќ.
Најдобар скокач во премиерната рунда е Лука Божиќ со 16 скока.
Во категоријата асистенции, најуспешен е Стефан Пот кој стигна до 10 додавања.