Шеф Зоран Мајновски: Шест години готвел за НАТО, сега готви за цело маало

Тој е сопственик на дебармаалскиот ресторан „Естел“, член на здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chef-M.M.C.C, добитник на голем број награди и признанија, но дома Шеф е неговата сопруга Габи, а главни дегустатори нивните 17-годишници близнаци Марко и Мартин.

1204

Зоран Мајновски е еден од најдобрите македонски готвачи и сопственик на дебармаалскиот ресторан „Естел“ на чии ѕидови се обесени многубројни дипломи, признанија и плакети кои Мајновски ги собрал на голем број интернационални кулинарски натпревари.

Кога зборувате со Зоки гледате дека тој е навистина вљубен во својата професија и тоа што го работи го работи со полна пареа. Па и не е чудо со оглед на тоа што сакал да биде готвач уште од најмлада возраст.

„Роден сум во 1977 година во Скопје и уште од мал сакав да бидам готвач. Прво што направив беше пица. Излезе малку тврда, ама ја направив, а имав само 10 години и бев сам дома. Следниот пат кога останав сам, додека моите беа на гости, сакав да си пржам лепчиња, па се исеков. Раната зарасна ама желбата ми остана. Татко ми беше голем гурман, и кога тој готвеше многу сакав да го гледам и да му помагам. Токму поради тоа што пројавував толку голема желба за готвење ушпте од мал, моите не се изненадија и ме поддржаа во одлуката да се школувам и да станам готвач. Завршив средно угостителско во Лазар Танев во 1995 година и потоа учев уште две години Виша, поточно 4 и 5 степен. Откако завршив моите ме натераа да одам во војска за да завршам побрзо со таа обврска и да можам потоа да си барам работа, па така отидов во војска со неполни 18 години и таму бев еден од најмладите инструктори за готвење.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...