По поплаките од граѓаните, Град Скопје ќе ја мие улицата Огњан Прица

427

Издаден е налог од Град Скопје за поинтензивно чистење и миење на улицата Огњан Прица, за која претходно Плусинфо, извести дека се креваат облаци од прашина по секое возило кое поминува.

– Градот Скопје изминатиов период, во големата акција за санација на поголем број улици и булевари, ја започна реконструкцијата на улицата Антон Попов во Кисела Вода, на потегот од раскрсницата со улицата Павел Шатев до улицата Димо Хаџи Димов. Коловозот на улицата Антон Попов беше многу оштетен, со пукнатини на асфалтот и вдлабнатини на автобуските стојалишта и на крстосниците, како и голем број крпени ударна дупки. По добиените поплаки од граѓаните за кревање на прашина, издаден е налог од Градот Скопје за поинтензивно чистење и миење на улицата, со цел да се намали оваа појава за време на градежните работи – рекоа од Одделението за односи со јавноста и информации за граѓаните на Град Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...