Верувам дека ќе успееме да одбереме модел кој ќе гарантира професионална и департизирана служба, која ќе биде доволно транспаретна во својата работа, но и ќе успее да ги заштити интересите на државата и граѓаните, рече директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски на денешната прес конференција со министерот Оливер Спасовски на која беше претставен планот за реформи во УБК.
Како човек кој многу години работи во безбедносните служби, додаде Николовски, задоволен сум од одлуката за реформата на Управата за безбедност и контраразузнавање, како дел од безбедносно-разузнавачкиот сектор.
Првиот човек на УБК, најави дека почнува консултативен процес со сите општествени чинители, но дека ќе продолжи и досегашната успешна соработка со стратешки партнерски служби.
-На крајот од овој процес, како професионалец ќе бидам задоволен затоа што верувам дека ќе успееме да одбереме модел кој ќе гарантира професионална и департизирана служба, која ќе биде доволно транспаретна во својата работа, но и ќе успее да ги заштити интересите на државата и да работи во интерес на граѓаните. Во периодот што претстои ви најавуваме повеќе средби и за секоја активноста од консултативниот процес ќе ве информираме соодветно-рече Николовски.