МВР ќе покрене постапка за наводната оставка на Димитров

683

Министерството за надворешни работи поднело пријава до Министерството за внатрешни работи и до Јавното обвинителство во врска со злоупотреба на наводната оставка на шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Тоа е очигледен фалсификат и злоупотреба и МВР ќе почне постапка по пријавата за да се открие вистината – рече денеска на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Синоќа објавивме дека МВР чека пријава за да истражи дали имало фалсификуван документ за оставката на министерот за надворешни работи Никола Димитров и кој е фалсификаторот.

Од Владата посочија дека МНР ќе го пријави случајот во полиција и дека чекаат разврска.

Во некои медиуми излезе веста дека Димитров си поднел оставка, а за тоа дека документот е веродостоен се повикаа на тоа дека тој е печатиран од Владата.

Експресно по информацијата дека Димитров си поднел оставка со демант реагираше МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...