Тринаесет мигранти пронајдени во превртено возило на автопатот Градско-Велес

119

Возило се превртело на автопатот Градско-Велес утринава околу 6.30 часот,  во кое биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца повредени, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Патничко возило  „рено еспејс” со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени  13 мигранти од кои двајца биле повредени- појасни Додевски.

Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите биле префрлени во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...