Летото сѐ уште не ѝ попушта на есента

392

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...