Димитров: Не им доаѓа ум, специјална војна почнаа

3201

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по лажната вест дека тој си поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум, на својот Фејсбук статус објави дека почнале специјална војна против него.

– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која ѝи дошло времето. Ќе нѝ ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не нѝ ја биде!, напиша Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...