Марадона до Меси: Не се враќај во аргентинската репрезентација, пензионирај се

295
EPA-EFE-MAHMOUD-KHALED

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона „му упати совет“ на Лионел Меси да не се враќа во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи притисокот на јавноста врз него е преголем.

– На Меси би му препорачал да не се враќа повеќе и да се пензионира. Ако загуби репрезентацијата за фудбалери до 15 години, за тоа е виновен Меси. Ако ждрепката ги вкрсти Расинг и Бока и за тоа е виновен Меси. Па да видиме дали ќе ги решат проблемите без него… Сакам да кажам дека тој не е виновен што не сме светски шампиони – истакна Марадона.

Аргентинската репрезентација се соочуваше со многу проблеми пред и за време на Светското првенство во Русија, а Меси по завршувањето на Мундијалот најави дека до крајот на годината нема да настапува за националниот тим.

Фудбалската федерација на Аргентина се надева дека тој ќе се премисли и ќе се врати во репрезентацијата, поради што не дозволуваат некој друг да го земе дресот со број десет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...