Министерството за внатрешни работи чека пријава за да истражи дали имало фалсификуван документ за оставката на министерот за надворешни работи Никола Димнитров и кој е фалсификаторот, велат за Плусинфо од МВР.
Од Владата посочуваат дека МНР ќе го пријави случајот во полиција и дека чекаат разврска. Од таму велат дека МНР во демантот дека шефот на дипломатијата Димитров поднел оставка е наведено дека министерството ќе го пријави случајот во МВР.
-Доколку добиеме пријава за фалсификуван документ МВР ќе преземе соодветни мерки – ни изјавија од МВР.
Во некои медиуми излезе веста дека Димитров си поднел оставка, а за тоа дека документот е веродостоен се повикаа на тоа дека тој е печатиран од Владата.
Експресно по информацијата дека Димитров си поднел оставка со демант реагираше МНР.