Стоилов делеше карти на одговорните возачи во Аеродром

514

Со цел подигање на свеста за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, СВР Скопје Одделението за превенција во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај на патиштата и РК Вардар денеска во населбата Аеродром реализираа сообраќајно едукативната кампања под мотото “Шампионите возат одговорно“, соопшти МВР.

– Како партнери во насока на унапредување на безбедноста на патниот сообраќај, што воедно претставува заедничка цел и одговорност, на овој сообраќајно едукативен настан, односно стандардна контрола на сообраќајната полиција учествува покрај членови на РСБСП и ракометарите од РК Вардар Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс кои на одговорните возачи како награда им поделија по две карти за натпреварот од ракометната лига на шампиони помеѓу Вардар – Рајн Некар Левен – стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...