36,91

2372

How does it feel

To be on your own

With no direction home

Like a complete unknown

Just like a rolling stone?

Македонците вчера решија да и покажат црвен картон на “елитата” која со години наназад го потценува достоинството на граѓанинот.

На гротескните политички ликови кои функционираат како паразити, спакувани и збогатени во деловно-научен сендвич заради подобар вкус кај потрошувачите.

И сега избирачкиот список е проблем г-не Премиер? Европска Македонија е проблем?  Граѓаните просто решија да соопштат дека немаат доверба во носителите на политичките процеси во земјава. Во таа концентрација на корупција и криминал решија да не учествуваат, решија и соопштија дека немаат доверба.

Колкумина од оние кои сериозно го “ протресоа “ општеството во декември 2014 и денеска го имаат истото чувство на “исклученост” ? Понудивте нешто квалитативно поинаку?

Двата длабоко вкопани табори ќе продолжат и понатаму со своите победнички математики предизвикувајки дополнителна поларизација на општеството бидејќи и понатаму ќе бидат “завиткани” во сопствената таинственост, “ мудрост и неопходност”.

Независно што решението можеби им е пред носот, нема да посегнат по него затоа што толку знаат – тие не се дел од решението, тие се проблемот.

Можеби некој од многуте “ лидери” во земјава ке собере малку храброст и ќе и твитне на Могерини – преговараме во името на никој!

Како што разни Бајрамовци не се персонификација на НАТО и ЕУ, уште помалку Молњата Влахова пример за патриотизам, така и македонските граѓани не гласаа против Западот, а против домашниот ориентализам.

Авторот е претседавач на Националниот комитет на ГДУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...